More

    Актерката Џејн Сејмур ја откри тајната на својот 71-годишен изглед

    spot_img

    Актерката Џејн Сејмур воодушеви со својот имиџ на забавата на Елтон Џон, која се организира секоја година по доделувањето на Оскарите. Во никој случај не покажува 71, туку барем 10 помалку.Кога актерката Џејн Сејмур се појави на забава организирана од Елтон Џон (75), сите беа воодушевени од нејзиниот изглед. Никој не би ѝ припишувал 71 година. Витална, насмеана… совршено е јасно дека се чувствува одлично во сопствената кожа.
    Секако, многу луѓе ги интересираше тајната на нејзиниот изглед. И така таа без двоумење откри што прави за да изгледа фантастично. На прашањето кој е нејзиниот најголем совет, таа одговори дека тоа е дефинитивно некоја вежба. „Не одам во теретана толку често колку што мислите! Но, ги советувам сите кои сакаат да бидат витални и сјајни да се грижат за својата кожа, здравје, да јадат свеж зеленчук и овошје… и, се разбира, да вклучат вежбање“.Џејн открила и дека кога оди во теретана не е мрзелива, туку напорно работи: „Веќе 30 години вежбам пилатес. Посебно се фокусирам на стомачните мускули и можам да кажам дека се навистина силни и дека половината ми е потенок отколку во помладите години. Секогаш се почестувам со топол туш пред вежбање; Што се однесува до кардио вежбите, јас сум на лента за трчање од 10 минути до половина час, а потоа тренирам со тегови“.

    Актерката има четири деца, Кетрин Флин (40), близнаците Кристофер и Џон Стивен Кич (26) и Шон Мајкл Флин (36). Џејн, сепак, вели дека е во многу добри односи и со децата на нејзините двајца сопрузи, Џени Флин (42) и Кален Кич (45). Исто така, вреди да се спомене дека во 1973 година, актерката беше девојка на Бонд во филмот Live and Let Die со Роџер Мур во главната улога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img