More

    Актерката ја прими титулата во креација на македонскиот дизајнер Тони Матичевски

    spot_img

    Шпанското кралско семејство ѝ ја додели титулата „Дама“ на актерката Ева Лонгорија поради нејзиното потекло од регионот Астурија.

    Латиноамериканската актерка Ева Лонгорија Бастон на доделувањето на титулата се појави во креација која никого не остава рамнодушен.

     

     

    – Сега сум Дама Лонгорија! Денеска ја добив оваа неверојатна чест во Астуриас, Шпанија за мојот шпански придонес во културата во овој регион. Татко ми не можеше да биде тука, но ќе беше многу горд! Секоја чест за сите почестени од овој регион вечерва – напиша преубавата дама која блесна во креација на македонскиот дизајнер кој живее во Австралија, Тони Матичевски.

    Дизајнерот ѝ честиташе на Лонгорија за наградата и објави фотографии од неа во фустанот.

    Иста таква креација, само со различна боја е дел од официјалната страница на светски познатиот дизајнер и се продава по цена од 2 200 американски долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img