More

    Актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон почина на 73 години

    spot_img

    Актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон почина на 73 години, објави нејзиниот сопруг на Фејсбук.

    „Оливија почина мирно на нејзиниот ранч во јужна Калифорнија, окружена од семејството и пријатели. Таа беше симбол на триумф и на надеж во изминатите 30 години, споделувајќи го своето патување со ракот на дојката“, напиша Џон Истерлинг.

    Во 2017, Њутн-Џон откри дека ѝ се вратил ракот од кој првпат се разболе во 1992, при што ѝ се проширил на ‘рбетот. Таа кажа дека имала и втора дијагноза во 2013, но јавноста не дознала за неа.

    Нејзиниот активизам за истражување и подобро лекување на ракот останува еднакво клучен елемент на нејзиното наследство како и кариерата во шоу бизнисот. Таа освои четири Греми награди и продаде над 100 милиони албуми, но улогата во мјузиклот „Брилјантин“ од 1978 година е она што ѝ го зацементира митскиот статус.
    На 29 години Оливија ја играше средношколската љубов на Џон Траволта, „Брилјантин“ беше најголемиот хит таа година, а албумот со песните од филмот помина 12 недели на врвот на американската топ-листа.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img