More

    Ако не сакате да плаќате високи сметки за греење на струја, а нема ниту доволно огревно дрво, тогаш пробајте со пелети, ама нив ги нема ниту за лек и покрај високата цена

    spot_img

    Ако не сакате да плаќате високи сметки за греење на струја, а нема ниту доволно огревно дрво, тогаш пробајте со пелети, ама нив ги нема ниту за лек и покрај високата цена.

    Кога сакаат да заработат 100 отсто повеќе од лани, па да не им ги купуваме, нека им скапуваат. Кај евтини, па и не се продаваат, страшно, изгледа чекаат уште да поскапат. Вака коментираат на социјалните мрежи граѓаните кои деновиве се обидуваат да обезбедат пелети за следната грејна сезона. Во продавниците немаат залихи, а трговците велат дека тешко се набавуваат. Домашните производители, пак, тврдат дека суровините се скапи, а капацитетите не се доволни за задоволување на домашниот пазар.

    – Пелетите драстично поскапеа во однос на минатата година. Ако лани тие се продаваа до 160 денари за вреќа од 15 килограми, сега цената е 370 денари и ги нема во трговските објекти. Ако почекате неколку дена до нов шлепер увезен од Србија или Бугарија ќе треба да подготвиме дополнително купче на пари за да обезбедите доволни количини за зима. Но, некој не ветува дека ќе има нова набавка, не само поради цената туку и поради фактот што земјите извознички на пелети прво го задоволуваат сопствениот пазар па потоа извезуваат – вели граѓанин кој веќе неколку денови се обидува да се снабди со пелети.

    Тој вели дека лани месечно трошел по 6.650 денари за загревање на 100 квадратни метри куќа, а годинава според актуелните цени ќе треба да потроши двојно повеќе или 13.000 денари.

    – За 6 месеци грејна сезона ќе треба да издвојам 78.000 денари, значи двојно повеќе од лани. Но и тоа го прифаќам ама пелети нема ниту за лек, а не да обезбедам 3 тони колку што ми треба за цела сезона. Најверојатно ќе треба да почекам наесен ова да го сторам, а цената никој не ја гарантира, па ќе ми излезе дека и овој енергенс е скап – вели тој.

    Официјално, безмалку 9 отсто од домаќинствата во земјава се греат на пелети или брикети. Голем број од нив преминаа на ваков вид греење поради субвенциите што ги даваа општините и исплатливоста.

    Недостигот на дрвени пелети според трговците е поради намалениот извоз на овој производ од повеќето земји од каде што се увезува, а домашното производство има мал капацитет да го задоволи пазарот. Но и дека побарувачката е помала од претходните години во овој период од годната. Познавачите велат дека за задоволување на потребите на македонскиот пазар од овој производ се потребни најмалку 5 производни капацитети, но засега добро функционира само еден кој дневно произведува по 40 до 50 тони што е далеку од потребното.

    Според трговците и цената на пелетите која годинава е драстично зголемена влијае потрошувачите да се мислат дали да купат пелети или да прејдат на друг огрев.

    – Моментално цената на вреќа од 15 килограми е 350 до 365 денари зависно од квалитетот и земјата на увоз. Но, проблем е и увозот од Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Туркије. Србија најави дека ќе го забрани извозот до задоволување на домашните потреби, а БиХ го забрани извозот летните месеци. Последниот шлепер кој го увезовме од Туркије беше со цена од 355 денари за вреќа, но не се знае каква цена ќе има веќе наредниот шлепер. За разлика од другите години годинава има помал интерес на граѓаните за пелети, барем во овој период од годината. Најверојатно причина е цената или се чека есента кога има и најголема побарувачка – вели трговец.

    Друг трговец се жали дека располага со мали количини резерви од пелети и не може да вети дека во следниот период ќе реализира набавка.

    – Увезуваме од Босна и Херцеговина и од Србија. Таму се актуелни забрани за извоз, а како ќе се одвиваат работите по симнување на забраните ќе видиме – вели тој.

    Домашните производители на пелети се жалат дека тешко доаѓаат до суровина која главно се увезува. Годинава е драстично поскапена. За нив е нелогично зошто земјава извезува дрво кога домашните производители имаат недостиг од суровина.

    – Може да има недостиг на пелети за оваа грејна сезона. Нашиот капацитет е ограничен, а како што гледаме побарувачката расте. Дополнително суровината која ја увезуваме е доста поскапена и тешко се набавува, а и производството е поскапо од лани поради високите трошоци за струја и гориво. Сето тоа влијае и на цената на нашиот производ. Моментално таа изнесува 359 денари за вреќа и не се знае која ќе биде цената во следниот период. Можен е и недостиг на пелети иако најголемиот дел трговците го обезбедуваат од увоз – вели производител.

    Производителите на пелети велат дека пазарот во земјава е поголем од она што можат да го произведат. Сепак и покрај потребата во овој сектор скоро и да не се вложува. Функционираат само неколку производители на пелети, но затоа, пак, пелети продаваат и бензиски пумпи, маркети, специјализирнаи продавници или продавници кои нудат и печки на пелети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img