More

    Ако нешто е доказ дека пејачката Ријана од корен го променила стилот на бременост, тоа беше оваа модна ревија на дизајнерот Александар Венг

    spot_img

    Ако нешто е доказ дека пејачката Ријана од корен го променила стилот на бременост, тоа беше оваа модна ревија на дизајнерот Александар Венг. Имено, бремената Адријана се појави во краток, црн фустан со длабоко деколте и огромен изрез кој целосно го разоткри нејзиниот труднички стомак.

     

    Овој храбар аутфит, создаден да шокира и да провоцира, но и да ја прослави бременоста, е надополнет со црни, кожени чизми кои допираат до бутовите и ефектна златна обетка. За вамп впечатокот придонеле и карминот во боја на вино и залижаната долга коса, но и остриот став на Адријана.

    Овој модел на модните писти е своевидна револуција и дефинитивно е потребна голема самодоверба за да го носите и да се чувствувате удобно во него. Но, на славната 40-годишна трудница не ѝ недостасува самодоверба!

    Очекувано, коментарите на социјалните мрежи беа поделени, додека за некои е интересна ваквата храброст, многумина тврдат дека во реалниот живот би било шокантно бремена жена секаде да се појави вака облечена.

    „Ова изгледа смешно“, „Не можам да замислам некој да сака да го носи овој фустан освен луѓето на кои очајно им треба внимание“, „Дали е ова сега тренд – да шетаме наоколу и да го покажеме својот стомак на секој непознат на улица?“, се само некои од коментарите.

     

     

    Инаку, Лима пред неколку дена објави дека по две ќерки кои ги доби од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ, чека машко дете. Да потсетиме, познатата убавица сега е во врска со продуцентот Андреа Лемер, со кого чекаат принова.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img