More

    Ако некој намерно провоцира, ќе биде пријавен во надлежните институции

    spot_img

    Идентификување и преземање мерки против говор на омраза во натписи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор ќе биде обврска на министерствата за надворешни работи на Бугарија и на Македонија кои ќе ги контактираат и информираат надлежните институции за заедничко идентификување на таквите случаи.

    Ова, меѓу другото е предвидено во текстот на Протоколот кој денеска беше потпишан меѓу Македонија и Бугарија.

    Во Протоколот, дополнително за говорот на омраза е предвидено дека државите ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи.

    – Двете држави преку дипломатски канали меѓу министерствата за надворешни работи да продолжат да разменуваат информации во врска со говор на омраза, идентификувани натписи и знаци на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни материјали како и во јавниот простор на територијата на другата држава и да информираат во разумен рок за преземање активности од соодветната држава за неодложно отстранување на идентификувани случаи на говор на омраза – се наведува во Протоколот.

    Македонија и Бугарија треба да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција при што секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза. Непочитување на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект.

    Министерот Османи појасни дека преку овие точки во Протоколот мининстерствата ќе го следат трендот и доколку увидат дека некој намерно провоцира, ќе ги информираат надлежните институции дека некој намерно провоцира и прави пропаганда.

    – Никој не смее да поддржи говор на омраза. Ниту тие кон нас, ниту ние кон нив – нагласи Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img