More

    Ако ЕУ се создаваше на референдум, сега немаше да има каде Бугарија да ни стави вето!

    spot_img

    Ќе дојде ли ред кога бугарскиот народ преку референдум ќе ѝ ја скрои европската иднина на Македонија? Ваква идеја вчера му падна на памет на бугарскиот претседател Румен Радев, кој откако одби да се сретне со францускиот колега Емануел Макрон за да разговараат за решавање на проблемот со Скопје, навести дека е можен референдум во земјата околу ова прашање.

    И ова е првпат бугарскиот претседател да го покрене прашањето за одржување референдум за Македонија, иако, претходно, слично барање имаше и бугарската партија ВМРО на Красимир Каракачанов.

    Домашните аналитичари, пак, ваквата неочекувана најава од бугарскиот претседател ја сметаат за класична закана со цел зацврстување на позициите, особено откако тврдото крило во Бугарија по однос на македонското прашање веќе некое време е ифрит нервозно и длабоко се сомнева во искрените намери на бугарскиот премиер Кирил Петков за кого се шират гласини дека наводно му работи зад грб на сопствениот бугарски народ.

    Главното прашање сега е што би се променило, односно што би значело во пракса доколку на референдумот во Бугарија биде донесена одлука да не се поддржи членството на Македонија во Европската Унија, односно Софија да не го крене ветото во догледно време?

    Бугарските медиуми пишуваат дека јавното мислење во официјална Софија по однос на македонското прашање останува тврдо и непроменето, но како што посочуваат, клучна е дилемата како ќе се формулира прашањето во еден таков референдум. Според нив, организирањето на референдум би траело подолго време, што може да ги блокира билатералните преговори и дополнително да ја замрзне европската перспектива на регионот.

    Првиот македонски министер за надворешни работи, Денко Малески, во разговор за Плусинфо вели дека изјавата на Радев дека во Бугарија ќе се одржи референдум за македонското прашање најмногу наликува на политичко наддавање.

    – Ако историските проблеми помеѓу балканските народи се решавале на референдум, верувајте дека ќе биле потребни најмалку 100 години за да се решат. Конечно, после 30 години, дури 70 отсто од Македонците беа против Преспанскиот договор и 70 отсто од Грците беа против Преспанскиот договор. Од тоа можеше нешто да се научи, а само просветени елити кои не се заложници на своите национализми можат да повлечат напред, односно да ризикуваат и да постигнат решение. За тоа се потребни државнички потези, а најавата за бугарски референдум не е ништо друго освен најобична политика што ја водат политичари кои немаат модерна визија за иднината на Балканот. Самата демократија, која ги легитимира сите политички опции во едно општество, на Балканот најчесто завршува со легитимизација на национализмот. А два национализми, односно два остри камења, жито не мелат. И решение нема да има. Ова е чист популизам во прилог на одржување на власт. Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изговори нешто што најмногу наликува на политичко наддавање. Неговиот политички ривал, премиерот Кирил Петков, за да ја смири јавноста, рече дека ништо нема да се направи без Парламентот кој одлучува со мнозинство гласови. Но, Радев возврати со ново наддавање и вели дека освен одлука на Парламентот, треба да се праша и самиот бугарски народ. И сето ова претставува чиста политичка војна што ја водат бугарскиот претседател и бугарскиот премиер – објаснува Малески.

    По Втората светска војна, додава Малески, ако се прашувале народите на Франција и на Германија, никогаш не би се согласиле за влез во сојуз.

    Самата ЕУ е процес на просветена елита и на луѓе со визија. Радев треба ова многу добро да го знае, бидејќи тој и неговиот народ ја има таа привилегија да припаѓа на таа елита, односно да биде дел од европското семејство. Европската Унија не е создадена на референдум.

    Денко МалескиПрв министер за надворешни работи

    – Замислете веднаш по завршувањето на Втората светска војна, која била прилично жестока и страшна, да им организирате референдум и да ги прашате Французите и Германците дали сакаат заедно да влезат во сојуз, односно да ја формираат Европската Унија. Тоа не би било добра идеја, оти војната била сѐ уште тазе, а народите сѐ уште биле закрвени. Но, затоа, самата ЕУ е процес на просветена елита и на луѓе со визија. Радев треба ова многу добро да го знае, бидејќи тој и неговиот народ ја има таа привилегија да припаѓа на таа елита, односно да биде дел од европското семејство. Европската Унија не е создадена на референдум – објаснува Малески.

    Засега нема изгледи дека Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија и дека ќе го отвори патот кон европските интеграции. Сѐ почесто од Софија доаѓаат информации дека бугарската одлука е поврзана со поддршката којашто ќе ја добие земјата според Планот за закрепнување.

    Едно од сценаријата, коешто што се споменуваше деновиве, е барањата на Бугарија да влезат во преговарачката рамка на Македонија и ЕУ да биде гарант за нивното спроведување. Но, со оглед на тоа што европските земји не сакаат да ги издигнат билатералните спорови на европско ниво, ваквата опција кај многумина буди скептицизам.

    Во моментов сето внимание е насочено кон најавената средба кај Макрон, која ќе следи по една интензивна дипломатска активности на убедување на Бугарија дека сега е време да се тргне ветото, во интерес на европската перспектива и безбедност. Иако првично беше најавено дека на средбата ќе присуствува бугарскиот државен врв, Радев порача дека „нема напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје“, а дел од бугарските медиуми објавија дека сега веќе неизвесна е дури и средбата Петков-Макрон.

    Се водат ли паралелни разговори?

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи се пофали дека е во редовна комуникација со неговата бугарска колешка Теодора Генчовска, со цел, како што вели, „да обезбедиме засилување на разговорите во пристојното период, на сите нивоа меѓу двете министерства, во насока на надминување на разликите за време на француското претседателство“.

    – Постојат бројни иницијативи од нашите меѓународни партнери, со свои идеи да се вклучат во овие разговори, меѓу кои е секако и Франција како актуелен претседавач со Советот на Европската Унија. Сите инволвирани страни во процесот даваат максимални напори да се обезбеди предлог на маса кој ќе го крене ветото за нашите европски интеграции, кое воедно би било во согласност со позициите на кои Владата се обврза преку декларацијата во Собранието – истакна Османи.

    Од друга страна, Генчовска вчера пред седница на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија, изјави дека прашањето за Македонија не може да се реши до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ.

    Таа обвини дека тимови на бугарскиот премиер Кирил Петков „на различни начини продолжуваат да го саботираат процесот“ на преговори меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија.

    – Тие водат разговори со нашите партнери од ЕУ. Ние се обидуваме овие разговори да ги водиме на чисто професионален начин, но од маргините дознавме дека и советници на премиерот водат паралелни разговори – рече шефицата на бугарската дипломатијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img