More

    Ако војната потрае, ситуацијата ќе ескалира

    spot_img

    Институтот за меѓународни финансии (ИИФ) ја намали прогнозата за растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија за 2022 година за 18 процентни поени во однос на претходната процена за раст од 3 отсто, што значи дека вкупниот пад до крајот на годинава би бил 15 отсто, пишува Ројтерс.

    „Понатамошната ескалација на војната може да доведе до поголем бојкот на руската енергија, што драстично би ја поткопало способноста на Русија да плаќа за увоз на стоки и услуги, продлабочувајќи ја рецесијата“, се вели во анализата на ИИФ потпишана од група нејзини економисти.

    Руската криза ќе ја погоди и Источна Европа, а најпогодени би биле Турција и Египет, односно земјите кои увезуваат нафта и пченица од Русија и Украина.

    Истовремено, берзите на Запад го вклучија алармот. САД се соочуваат инфлација од 7,9 отсто, со други зборови производите поскапуваат со најголема брзина од 1982 година наваму. Индексот на акции на најголемите 100 компании во една земја, наречен ФТСЕ е многу битен на берзата. Британија забележа 1,5 отсто од пад на своите акции, Германија и Франција речиси 3 отсто, Италија 4 отсто, а Шпанја 1,3 отсто. На славната берза во Волстрит се тргува со 1,3 отсто пониски цени, пишува Гардијан.

    Руската централна банка драматично ги зголеми каматните стапки во обид да ја заштити рубљата, но слично е и со Европската Централна Банка која најави дека ќе има „постепено“ зголемување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img