More

    Азири ќе лета од работа ако се утврди кривично дело

    spot_img

    Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ќе чека евентуално утврдување на кривична одговорност за државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири, па потоа , како што вели ќе следува соодветно решение. Во пратеничко прашање од пратеникот наВМРО-ДПМНЕ , Антонијо Милошоски дали министерката ќе бара разрешување на владиниот функционер Азири, поради говор на омраза и повици за насилство, Костадиновска-Стојчевска посочи дека не оправдува никакви облици на насилство.

    – Не оправдувам насилство и додека сум министерка секаде каде што можам ќе го спречам. Не го оправдувам ниту вашето насилство кон моите колешки вчера. За прашањето за државниот секретар, Вие поднесовте пријава и доколку извештајот на надлежните органи кои треба да постапат по Вашата пријава се утврди кривично дело, според истото ќе биде донесено соодветно решение – одговори министерката.

    Милошоски рече дека не е задоволен од одговорот и порача дека министерката со тоа што не бара разрешување на Азири наместо да превенира говор на омраза, станува пасивен поттикнувач.

    Вчера Милошоски поднесе кривична пријава против Азири, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ испрати писмо до премиерот Ковачевски со барање за разрешување од функцијата во министерството за култура.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img