More

    Азески и Спасовски ќе разговараат и за проблемот на вработување странци во земјава

    spot_img

    Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат граничниот премин Табановце во рамките на проектот на Стопанската комора за следење на протокот на стоки на овој граничен премин, што започна на 1 јули а ќе трае до 31 август оваа година.

    Како што се наведува во соопштението Комората, како дел од активностите во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ за подобрување на условите за работа на компаниите во регионот и за олеснување на увозот и на извозот на стоки, како и на слободното движење на трудот и на капиталот, со свои вработени е директно присутна на најфреквентниот граничен премин во нашата држава, на којшто само во јуни и во јули во двата правци границата ја поминале вкупно околу еден милион патници.

    Во текот на јули вработените во Комората на „Табановце“ констатираа: секој ден просечно по 40 камиони чекаат на преминот; за товарни возила во функција е само една лента; во екот на летната сезона и лентата за „Отворен Балкан“ е во функција за патничките возила, а камионите се оставени да чекаат; секојдневните прекини во напојувањето со електрична енергија, без можност за автоматско вклучување на агрегатите, ги блокираат системите и дека на граничниот премин во колоната нема услови за одвојување на полните од празните камиони кои непотребно се задржуваат.

    На средбата освен Азески и Спасовски, ќе присуствуваат и директорите на Царинската управа и на Агенцијата за храна и ветеринарство, Славица Кутиров и Николче Бабовски.

    Според најавата, Азески и Спасовски, по завршувањето на активностите на „Табановце“, ќе реализираат уште една средба, на која ќе се согледаат можностите за поедноставување на сложената процедура за регулирање на престојот и на работата за странците во земјава. Средбата ќе се случи по констатираните проблеми од компаниите членки во Советот на странски инвеститори во изминатиот период, како и по проблемите поврзани со регулирањето на престојот на странските државјани од определени земји, кои не можат да го регулираат својот престој поради административни пречки, чии причини не се познати, а инвеститорите имаат потреба од нив поради инвестиции, сервисирање опрема и слично. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img