More

    АД ЕСМ формира три друштва за топлинска енергија: производство, дистрибуција и снабдување, со кои ќе се пријави на јавниот повик за обезбедување парно греење за градот Скопје

    spot_img

    По задолжување од Владата на Македонија, АД ЕСМ формира три друштва за топлинска енергија: производство, дистрибуција и снабдување, со кои ќе се пријави на јавниот повик за обезбедување парно греење за градот Скопје, соопшти Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

    Согласно законот, на секој ДООЕЛ е назначен в.д. управител и Надзорен одбор. Во надзорните одбори се назначени едно стручно лице од областа на енергетиката и топлинското снабдување, еден правник и еден економист. Сите лица се вработени во АД ЕСМ со редовни работни задачи, додека обврските во новите друштва им се доделени како дополнителна работна обврска.

    „Лицето Бесијана Џафери Беќири е вработена како правник во секторот за развој и инвестиции и е член на назорот на едно од ДООЕЛ-ите. Во текот на изминатата грејна сезона вклучена беше во работни задачи при процесот на менаџирање на БЕГ од страна на АД ЕСМ, кои задачи ги изврши на највисоко професионално ниво, како впрочем и сите други споменати вработенисоопшти ЕСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img