More

    Адријана Лима за првпат го покажа трудничкиот стомак во црн фустан, изгледа непрепознатливо

    spot_img

    Светскиот топмодел Адријана Лима за првпат го покажа трудничкиот стомак во црн фустан додека со своето момче Андреа Лемерс присуствуваше на ревијата на „Балмејн“ на Модната недела во Париз.

     

    Познатата манекенка се одлучи за долг тесен фустан со проѕирни детали, а својот аутфит го надополни со златни сандали и гломазен златен накит на рацете.

    Освен со трудничкиот стомак, Адријана го привлече вниманието и со речиси непрепознатливиот изглед. Таа, како и многу ѕвезди, се подложила на естетски зафати и филери, а во текот на бременоста тоа баш дошло до израз.

    Набабреното и отечено лице на една од најубавите жени на светот не можеше да помине незабележано, но на црвениот тепих прошета во манир на кралица каква што е.

    Меѓу присутните беа и Серена Вилијамс, бразилскиот фудбалер Нејмар, главниот уредник на британскиот „Вог“ Едвард Енинфул и дизајнерот Жан Пол Готје.

    Да потсетиме, манекенката во своето прво видео на ТикТок објави дека чека дете со продуцентот, а бебето треба да се роди наесен.

    Ова ќе биде прво заедничко дете на парот, а не е јасно кога започнала нивната љубовна врска. Едно од нивните први јавни настапи беше на Филмскиот фестивал во Венеција во септември 2021 година.

     

    Адријана веќе има две ќерки Валентина и Сиена од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img