More

    Адел со дечкото се всели во велелепна куќа

    spot_img

    Пејачката Адел на социјалните мрежи се пофали со вести од приватниот живот. Таа се преселила во луксузна вила со нејзиното ново момче, спортскиот агент Рич Пол.

    Адел објави серија фотографии со Рич, од кои на една позираат пред нова куќа и ги држат клучевите во раце.

    „Времето лета“, напиша пејачката во описот на фотографиите.

    „Хело“ магазин пишува дека луксузниот имот се наоѓа во Беверли Хилс и дека парот го купил од актерот Силвестер Сталоне за 58 милиони долари. Вилата е распространета на два ката, има осум спални соби и 12 бањи, а дизајнирана е од архитектот Ричард Ландри.
    Опремен е со луксузен дизајнерски мебел, а во дворот има и голем базен. Внатре во куќата има кино, спа центар, уметничко студио, сауна, бања на пареа и канцеларија.

    Да потсетиме, парот е заедно од септември минатата година и ова е нејзина прва врска по разводот со Сајмон Конецки, со кој го има деветгодишниот син Ангел. Ова се првите фотографии кои Адел ги објави со Рич.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img