More

    Адвокатот на пејачот вели дека нема потреба од притвор

    spot_img

    Немаше никаква потреба од притвор за Ламбе Алабаковски, откако тој ја призна вината, а сите негови животни планови, како што е враќањето на музичката сцена во Македонија и неговиот општествен статус, не навестуваат дека тој би се дал во бегство, вели за Алфа адвокатот на Алабаковски, Драган Георгиев.

    Тој се сомнева и во политичка позадина на определениот притвор за Ламбе поради спорот со Бугарија.

    Адвокатот не го оправдува потегот на пејачот, но вели дека мора да се земе предвид целата ситуација во Македонија поради преговорите и блокадите од Бугарија, како и фактот дека член на неговото семејство бил убиен токму од Бугарите.

    – Неговиот дедо е стрелан од Бугарите, а тој се враќа во Македонија и се отвора културен клуб на еден од најголемите злосторници за македонскиот народ, кој што до пред да умре во Рим не го признаваше македонскиот народ. Не го оправдувам, ниту тој самиот се оправдува за тоа што го сторил, меѓутоа тоа било негов знак на револт – вели Георгиев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img