More

    Агенцијата за супервизија на осигурување во првите 3 месеци од годинава разгледа 52 претставки од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании

    spot_img

    Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите 3 месеци од годинава разгледа 52 претставки од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на претставки по кои АСО постапува во првиот квартал годинава е зголемен тројно во споредба со истиот период лани кога стручните лица на АСО постапувале по 17 претставки, информираат од Агенцијата.

    Податоците на Агенцијата покажуваат дека 47 од претставките се поднесени од граѓани, а 15 од правни лица.

    -Во периодот јануари – март до АСО стигнале вкупно 62 претставки од осигуреници. Од нив шест биле без основ за разгледување, а подносителите во 4 случаи ги повлекле своите претставки. Од вкупно 52 случаи по кои постапувал АСО во корист на осигуреници се решени 8 претставки и тоа е за четири пати повеќе од истиот период лани. Во процес на постапување се 18 претставки, а негативно се решени 26 поплаки на осигуреници – велат од Агенцијата за супервизија на осигурување.

    Осигурениците најчесто се жалеле на услугата европски извештај при решавање на штети во сообраќајот. Од вкупно 27 поплаки за решавање штети од автомобилска одговорност (најголемата и задолжителна осигурителна класа) дури 19 претставки се заради постапување на осигурителните компании по европскиот извештај за штети. Во споредба со истиот период лани, оваа година на таа услуга се пожалиле четири пати повеќе осигуреници.

    Раст на поплаките има и кај осигурувањето имот –  најголемата доброволна осигурителна класа. Вкупно 13 претставки се поднесени од осигуреници што е  двојно повеќе од истиот период во 2021 година.

    -Во однос на причината поради која се жалат осигуреници најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 20 такви претставки и тоа е за 53 отсто повеќе од истиот квартал во 2021 година. Најзначајно зголемување на бројот на претставки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крај на март се поднесени 16 претставки за обработка на штета, а лани истиот период биле поднесени четири пати помалку поплаки по оваа основа – велат од  АСО.

    За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 15 осигуреници.

    -Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета – велат од  Агенцијата за супервизија на осигурување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img