More

    Австрија организира конфереција за спроведување на репатријација

    spot_img

    Австриската Влада ќе организира конференција на која 23 земји ќе разговараат за побрзо враќање во татковината на илегалните мигранти, за построги контроли на надворешните граници на ЕУ и за помош на балканските земји во оперативното спроведување на репатријацијата.

    Конференцијата ќе се организира од 21 до 22 февруари во Виена, а учеството веќе го потврдија десет земји, меѓу кои Франција и Германија.

    Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека „сличностите ги надминуваат разликите“, иако земјите од ЕУ поинаку се однесуваат со илегалните мигранти. Ова особено важи за актуелниот проблем со трговијата со луѓе, додаде Карнер.

    – Австрија е еден од деловите на Европа кои се особено погодени од трговијата со луѓе, а со тоа и од нерегуларна миграција – се вели во изјавата на австрискиот конзервативен европратеник Волфганг Тучек.

    Тој додаде дека за да се реши овој проблем, членките на ЕУ треба да се залагаат за зголемување на бројот на процедури за азил и обезбедување побрза репатријација.

    Учесниците на конференцијата ќе се фокусираат и на помагање на балканските земји да обезбедат побрза репатријација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img