More

    Авионот на Ненси Пелоси го собори рекордот на „Флајтрадар“.

    spot_img

    Летот со кој во вторникот во Тајван пристигна претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, е најследен во историјата на „Flighttradar 24“, објави таа веб-страница за следење летови.

    „Во моментот кога слета во Тајпеј, (летот) SPAR19 го следеа повеќе од 708.000 луѓе во светот, што го прави најследен лет во реално време во историјата на „Flighttradar 24““, се наведува во соопштението.

    По полетувањето од Куала Лумпур, воениот авион во кој патувал Пелоси го следеле повеќе од 200.000 луѓе за време на летот над Индонезија и тој број „пораснал кога авионот се приближувал до Тајван“, според Флајтрадар.

    Пелоси отпатува за Тајван во вторникот, и покрај силните предупредувања од Кина, што е прва посета на американски официјален претставник на островската држава во последните 25 години.

    „Посетата на нашата парламентарна делегација на Тајван е потврда за безусловната поддршка на Америка за енергичната демократија на Тајван“, рече Пелоси во изјавата веднаш по слетувањето.

    Кинеското Министерство за надворешни работи го осуди „сериозното непочитување“ на американските обврски кон Кина, што ги „поткопува мирот и стабилноста“ во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img