More

    Авганистан е последната држава на земјината топка од која би очекувале да произведе суперавтомобил, но ете Талибанците успеаја да направат еден

    spot_img

    Авганистан е последната држава на земјината топка од која би очекувале да произведе суперавтомобил, но ете Талибанците успеаја да направат еден. И мора да признаеме дека изгледа доста добро.

    За проектот наречен Mada 9 беше задолжена фирмата Entop од Кабул, која на него работела пет години. Во целиот процес од идејата до реализацијата учествувале 30 инженери од компанијата и од Авганистанскиот технички институт.

    Тоа значи дека проектот е почнат пред Талибанците да се вратат на власт, со полекување на трупите на САД и сојузниците, но на новите власти треба да им се оддаде признание дека барем не го запреле проектот, како што запреа или укинаа многу други работи.

    Технички детали за автомобилот не се објавени, ниту пак некакви конкретни планови за производство. Единствените работи што се знаат е дека механиката има потекло од Toyota Corolla, како и дека можеби ќе следи електрична верзија.

    Портпаролот на Исламскиот Емират на Авганистан, на официјалните профили на Твитер и на Јутјуб објави видео од Мада 9 како прави „шлајфки“ на снег,  гордо објавувајќи дека тоа е „Автомобил произведен во Авганистан“.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img