More

    Абрамович и украински преговарачи биле отруени со хемиско оружје

    spot_img

    Рускиот бизнисмен, Роман Абрамович и украински мировни преговарачи имаат симптоми на труење откако се сретнале во Киев претходно овој месец, пишува „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal).

    „WSJ“ за оваа информација се повикува на блиски луѓе до двете страни.

    По состанокот во главниот град на Украина, Абрамович, кој патувал меѓу Москва, Лавов и други преговорачки места, како и најмалку двајца високи членови на украинскиот преговарачки тим, развиле симптоми како вцрвенети очи, постојано и болно солзење и лупење на кожата на лицето и рацете, пренесува „WSJ“.

    Приказната за симптоми на труење кај неколку луѓе ја потврдува и „Bellingcat“, холандско здружение на истражувачки новинари, специјализирано за факчекинг.

    – „Bellingcat“ може да потврди дека тројца членови на делегацијата што учествуваше на мировните преговори меѓу Украина и Русија ноќта меѓу 3 и 4 март 2022 година, почувствувале симптоми на труење со хемиско оружје. Една од жртвите е рускиот бизнисмен Роман Абрамович – напишаа тие.

    Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека постојат сомневања дека рускиот олигарх бил отруен претходно овој месец по состанокот на кој се разговарало за мировни преговори со украинските преговарачи. Тие не потврдија кој друг бил цел или кој бил изворот на нападот, јави Би-Би-Си.

    Претходно, во извештајот на Волстрит Џурнал се тврдеше дека три лица кои присуствувале на разговорите во Киев имале црвенило на очите, постојани и болни солзи и излупена кожа на нивните лица и раце.

    Се вели дека Абрамович е веќе добро, бидејќи инцидентот се случил пред неколку недели, и ќе продолжи со преговорите со украинските власти во обид да се стави крај на војната.

    Блиски на Абрамович тврдат дека тој учествувал на неколку состаноци и работи само во свое име, откако беше соопштено дека од него била побарана помош.

    Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, како што беше соопштено пред пет дена, во телефонски разговор побарал од американскиот колега Џо Бајден да не воведува санкции за рускиот бизнисмен бидејќи тој може да се покаже како корисен посредник во мировните преговори со Москва, пишува „Волстрит журнал“.

    Како резултат на тоа, Белата куќа го уверила Министерството за финансии да не продолжува со плановите за воведување санкции за Абрамович, велат извори запознаени со ситуацијата.

    Истите извори наведуваат дека Бајден се консултирал со Зеленски за голем број санкции, вклучително и за Абрамович.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img