13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчале

НАЈЧИТАНО

Вчера во светските медиуми како бомба одекна веста дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчале.

Американската пејачка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчаа во саботата во американската сојузна држава Невада, 18 години по завршувањето на нивната прва врска, објави синоќа агенцијата Франс прес, повикувајќи се на официјални документи.

Дозволата за брак ја добиле во округот Кларк, и иако двајцата не се огласија за настанот, сега се појавија докази дека го кажале судбоносното „да“.

Имено, на официјалната веб-страница на округот Кларк можете да најдете запис од нивната венчавка, на кој се гледа и дека Џенифер сега го променила презимето во Афлек, а тоа набрзо почнало да кружи на социјалните мрежи.
Според судските записи добиени од ТМЗ, парот добил дозвола за брак во округот Кларк, Невада – која била издадена и обработена во сабота, на 16 јули.

И двајцата имаат свое вистинско и правно име – Бенџамин Геза Афлек и Џенифер Лин Лопез. Лас Вегас, кој е главен град, исто така припаѓа на округот Кларк.

Џенифер и Бен пред 18 години беа свршени и требаше да се венчаат, но актерот ја остави прејачката речиси пред олтар.

Минатата година ја обновија врската.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО