18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Џевдет Хајредини смета дека акцијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде легитимна

НАЈЧИТАНО

Најавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за блокирање на работата на македонското Собрание е легитимна и за македонската јавност е многу добро познато искуство, смета Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии и човек кој активно ги коментира актуелните политички прилики во земјата.

Во дебатна емисија на ТВ Шења, Хајредини потсети на филибастерингот од сегашниот собраниски спикер Талат Џафери, кој во тоа време беше пратеник.

– Од ДУИ, кои се противат и остро реагираат на најавите на ВМРО-ДПМНЕ за користење на филибастеринг, се наоѓаат во многу интересна ситуација, затоа што опозицијата ќе применува методи кои тие некогаш ги користеле. Филибастеринг е искуство што многу добро го знаеме – коментира Хајредини.

Тој вели дека ако продолжи нефункционирањето на Собранието, затоа што меѓу другото, ниеден закон за кој е потребно двотретинско мнозинство не може да се изглас, и ако се прогласат предвремени парламентарни избори, според сите проценки ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

 

НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ СДСМ ЌЕ ДОЖИВЕЕ ТЕЖОК ПОРАЗ

Хајредини смета дека не само што ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку прашање и колку ќе загуби СДСМ на евентуални предвремени избори. Тој на СДСМ му предвидува тежок пораз, потежок од тој на локалните избори.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО