25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Џафери ѝ одговори на Кацарска

НАЈЧИТАНО

Имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања преку изигрување на процедурата, во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд.

Вака гласи одговорот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, на писмото кое денеска му го испрати претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, а во врска со проблемите во работењето на Уставниот суд.

„Ве информираме дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, го доби писмото од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во врска со проблемите во работењето на Уставниот суд. Собранието, согласно своите уставни надлежности е информирано за истекот на мандатот на уставните судии, односно Собранието, по предлог на Комисијата за избори и именувања избира уставни судии од редот на истакнати правници во Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања преку изигрување на процедура и примена на методи коишто претседателот на Собранието ги има елаборирано пред јавноста, предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд“, се вели во соопштението на Собранието.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО