1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Џафери: Постапката за измена на Уставот би требало да почне најдоцна во првите месеци од следната година за да се запази процедурата и периодот за носење на уставни измени

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Постапката за измена на Уставот би требало да почне најдоцна во првите месеци од следната година за да се запази процедурата и периодот за носење на уставни измени. Оваа постапка би требало да заврши до крајот на скринингот што е планиран за ноември 2023 година, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.

За тоа што ќе се менува со уставните измени и дали само Бугарите и припадници на други етнички заедници ќе бидат вметнати во Уставот, Џафери вели дека ќе зависи од она што ќе содржи одлуката за менување на Уставот што треба да биде доставена до Собранието. На лидерската средба засега се изнесени само размилувања за други прашања кои би можеле да бидат основа за други уставни измени. Се зависи, вели Џафери, што ќе содржи одлуката за почеток на постапката за менување на Уставот.

Во Собранието денеска почна седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред е Буџетот за следната година. Поднесени се 263 амандмани, најмногу од ВМРО-ДПМНЕ 200, 25 има АА, 22 СДСМ, 11 Беса, два ДУИ и три Алтернатива. Расправата на комисијата трае десет дена, а целата постапка за носење на буџетот треба да заврши до средината на декември. Дотогаш, вели Џафери, не се планирани други седници, но ако има потреба секогаш може да се свика итна седница.

До крајот на годината претседателот на Парламентот планира уште една средба во рамки на процесот „Жан Моне”. Материјалите од претходната средба, веќе се пратени до пратеничките групи. Џафери не очекува ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира процесот. Изработена драфт верзија на Деловникот за работа на Собранието ќе им биде испратена на сите пратенички групи на усогласување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Поранешен бугарски министер прашува „што правиме со напаѓачот?“

Поранешниот бугарски министер за иновации, Даниел Лорер, од коалицијата на Кирил Петков смета дека еден од напаѓачите на претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, бил...

Груби: Нема повеќе време, ниту простор за калкулации и измами

Нема повеќе време, ниту простор за калкулации и измами. Или сте за Европа или сте против. Нема простор за средна зона, бидејќи нема друга...

Ковачевски: Отворени се нови можности за економијата и членството во ЕУ, повикувам на обединување и паметни одлуки!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на годишната конференција „Година на нови можности“, што се одржува денеска и утре...
spot_img
spot_img
spot_img