27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Џафери им наложи на пратениците да не патуваат во јули

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Собранието Талат Џафери им наложи на пратениците да ги одложат и откажат сите службени и не неопходни приватни патувања во јули за непречено да може да работи Собранието.

Ова го соопштил Џафери на денешната ад хок средба со координаторите на политичките партии откако на денешната седница бр. 79. свикана за во 11 часот, на списокот за присутни пратеници се потпишале 85, а во салата беа присутни 58 пратеници.

Претседателот Џафери од пленарната сала ги повикал пратениците да влезат во сала, за да може пленумот да продолжи со работа, при што, поради немање кворум, морал да ја прекине седницата и ги повикал сите лидери на политичките партии од владејачкото мнозинство на средба во неговиот кабинет.

На средбата, претседателот потсети дека сите пратеници во Собранието се еднакви и ги претставуваат граѓаните кои ги избрале и им дале мандат. Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго а не практикување на мандатот кој што им е доверен од граѓаните. Претседателот потсети дека тој е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала. Тој исто така, нагласи дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала. Дополнително, претседателот нагласи и дека согласно Одлуката на претседателството, се наложува да се одложат и откажат сите службени и не неопходни приватни патувања на пратениците во текот на месец јули со цел непречено работење на Собранието“, се наведува во соопштението на Собранието.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО