22.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Џамбаски се правда за инцидентот во Европарламентот

НАЈЧИТАНО

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и десничар од партијата на Красимир Каракачнов предизвика скандал во Европскиот парламент во Брисел кога на излез од пленарната сала отпоздрави со „Хајл Хитлер“. Еве како тоа изгледаше:

 

 

„Фактот што некој не се согласува со вас не значи дека е нацист. Се извинувам ако моето невино мавтање навреди некого“, се огласи на Твитер Џамбаски по скандалот.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола рече дека „фашистички поздрав во Европскиот парламент е недозволив, секогаш и секаде“.

–  Ова ме навредува мене и сите во Европа – додаде таа.

Францускиот државен секретар за европски прашања, кој беше присутен во пленарната сала на европарламентот во Стразбур, го нарече гестот на Џамбаски „скандалозен и шокантен“, пишува СДК.

Џамбаски во јавноста е познат по антимакедонските ставови и неговото контроверзно видео во кое тврдеше дека „Охрид е бугарски“. На вчерашната седница во Европскиот парламент, тој застана зад Полска и Унгарија во однос на владеењето на правото во овие две земји, кое веќе подолго време е оспорувано од Брисел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО