21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Ќе се набавува ровокопач за ископ на комуналии

НАЈЧИТАНО

Амбасадорот на Јапонија во земјава, Савада Хиронори денеска во Желино заедно со градоначалникот на Општината, Блерим Сејди и директорот на јавното комунално претпријатие „Мирмбајтја“, Суад Алили потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (ГГП) за обезбедување на оваа Општина со ровокопач во вредност од 64.158 евра.

Како што соопшти Јапонската амбасада, проектот за обезбедување на Желино со ровокопач има за цел да го зголеми квалитетот на комуналните услуги за безбедноста на сите граѓани на општината.

Новиот ровокопач ќе помогне на општината и јавното комунално претпријатие за чистење на каналите, спречување на поплави и ќе овозможи проодна патна инфраструктура за ранливите планински села кои често се отсечени во зимскиот период поради обилните врнежи на снег.

Ова е прва донација од страна на Јапонија за Општина Желино, преку програмата ГГП.

Преку грант програмата за мали проекти ГГП Јапонија има финансирано и реновирано и обезбедено опрема за преку 70 училишта и градинки, 57 јавни здравствени институции и има обезбедено 31 специјализирано возило за управување со отпад за 49 општини.

„Јапонија ја поддржува Северна Македонија во различни сектори, континуирано во инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи како и итна помош која изнесува повеќе од 422.3 милиони евра како и друга нефинасиска помош“, се наведува во соопштението на Јапонската амбасада.

Фото: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО