8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Ќе даде значителна донација на жената која тврдеше дека ја силувал

НАЈЧИТАНО

Случајот против британскиот принц Ендрју за сексуална злоупотреба врз Вирџинија Џефри, покренат минатиот месец во Њујорк, денеска беше решен со вонсудска спогодба. Финансиските подробности за спогодбата не се откриени, но судските документи откриваат дека вториот син на кралицата Елизабета Втора, кој ги загуби сите воени чинови и кралски титули во 2021 година, ќе ја поддржи добротворната организација Џуфре со значителна донација.

Тужбата за сексуална злоупотреба против принцот Ендрју, која во 2019 година ја поднесе Вирџинија Џуфре, тврдејќи дека принцот ја силувал кога таа била тинејџерка, денеска е решена со спогодба, според судските документи кои ги посочува Гардијан.

„Вирџинија Џуфре и принцот Ендрју постигнаа вонсудска спогодба. Страните ќе поднесат барање за разрешување откако г-ѓа Џуфре ќе го добие договорот“, стои во документот од американскиот суд.

Со спогодбата, принцот „суштински ќе донира“ за поддршка на добротворната организација на „жената што можеби ја силувал и ќе го покаже своето жалење за неговата поврзаност со (Џефри) Епстин, поддржувајќи ја борбата против злонамерната трговија со секс“.

„Принцот Ендрју има намера да направи значајно дарување кон добротворната организација на г-ѓа Џуфре за поддршка на правата на жртвите. Принцот Ендру никогаш немал намера да го омаловажи ликот на г-ѓа Џуфре. Тој прифаќа дека таа страдала и како жртва на злоупотреба и како резултат на неправедни јавни напади“, се вели во судскиот документ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО