2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Ќерката на Мелинда и Бил Гејтс го чека своето прво дете со сопругот, египетско-американскиот џокеј Најел Насер

НАЈЧИТАНО

Ќерката на Мелинда и Бил Гејтс го чека своето прво дете со сопругот, египетско-американскиот џокеј Најел Насер.

Џенифер Гејтс (26) вчера ја објави среќната вест на „Денот на благодарноста“ со прекрасна фотографија на Инстаграм.

 

Познатата наследничка и нејзиниот три години постар сопруг се венчаа минатата година. Како што изјави за „Вог“, било тежок предизвик да се организира прославата поради пандемијата и семејните околности, имајќи предвид дека нејзините родители во тоа време веќе биле разведени, по повеќе од две и пол децении брак.

Прославата траеше два дена, ја организираше експертот за венчавки Марси Блум, сѐ чинеше околу два милиони долари, а меѓу многуте познати гости беа Кевин Бејкон, Леброн Џејмс и Били Џоел.

Да потсетиме, Мелинда и Бил Гејтс беа во брак од 1994 до 2021 година. Покрај Џенифер, тие ја имаат ќерката Фиби и синот Рори.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО