8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Училиштата од индустриска струја да се префрлат на тарифа како за домаќинствата – Јаневска предлага и неколку пократки распусти

НАЈЧИТАНО

Училиштата од индустриска струја да се префрлат на тарифа како за домаќинствата, да се одредат неколку дополнителни пократки распусти, со обврзно продолжување на училишната година во јуни, предлага проф. д-р Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа предлага и да не се прават никакви интервенции во наставните програми во смисла на скратување, секаде каде што е можно да се воведе настава во една смена или да се повлече почетокот на втората смена порано, како и да се зголемат блок дотациите на општините.

– Како антикризна мерка Владата да ги спречи коалициските партнери, кои ја држат централната власт и дел од локалните самоуправи, да копаат криптовалути во училиштата и во другите институции и установи. Така трошоците ќе бидат помали, а струјата ќе се реалоцира за тоа што навистина треба – вели Јаневска.

Таа нагласува дека наставата со физичко присуство е најдобрата и најефективна форма во која треба да се реализира воспитно-образовниот процес на учениците.

– Ја потсетувам Владата дека оваа година заради високите цени на струјата, парното и другите видови огрев, одреден број семејства нема да можат да си дозволат целодневно греење. Поради огромната инфлација, тие нема да можат да си дозволат ни таблети, лаптопи, фотокопии, а некои деца може да останат и без оброк. Ја потсетувам Владата дека е нејзина и само нејзина обврска да обезбеди непречено образование на учениците. Ако не е способна тоа да го стори, нека си иди, има кој може – вели Јаневска.

Професорката нагласува дека онлајн наставата во изминатиот период не даде задоволителни резултати во Македонија и дека треба да престане експериментирањето со учениците.

– Ако Владата има пари за нови автомобили во време на криза, за скапи прослави на рамковни договори, скапи, беспотребни патувања и за слични нелогичности тогаш мора да има пари и за непречено работење на училиштата, со затоплување и сѐ друго што е неопходно. Во спротивно, трошокот за струјата, оди на семејствата. При онлајн настава родителите ќе плаќаат за вклучени компјутери, таблети, греалки во детските соби… – додава Јаневска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО