22.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Јунајтед е заинтересиран за директор на Ливерпул

НАЈЧИТАНО

Поранешниот спортски директор на Ливерпул, Мајкл Едвардс преговара за преземање на истата функција во Манчестер Јунајтед, пренесуваат британските медиуми.

Тој е човекот кој е заслужен за најголемата заслуга за доведување на фудбалери како Алисон, Ван Дијк, Робертсон, Тиаго, Фабиња, Салах, Мане… кои го вратија Ливерпул на врвот на англискиот фудбал после толку години.

Бидејќи на Јунајтед му е потребен спортски директор, тие би сакале да го видат на „Олд Трафорд“ за неговите одлични перформанси, поради што веќе стапиле во контакт со него.

Доколку не успеат да постигнат договор, Манчестер Јунајтед има спремни алтернативи. Станува збор за Ли Дајкс од Брентфорд, како и Кирон Скот од Мидлсброг.

Од друга страна, интерес за Едвардс покажаа и Ајакс и Челзи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО