17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Јелена Карлеуша нема да настапи на „Тиквешки гроздобер“Јелена Карлеуша нема да настапи на „Тиквешки гроздобер“

НАЈЧИТАНО

Поради големиот број негативни реакции на социјалните мрежи, српската пејачка Јелена Крлеуша иако беше најавена како главен изведувач на годинашното издание на „Тиквешки гроздобер“, нема да настапи пред кавадарчани годинава.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и сподели дека настапот на пејачката е откажан.

– Овие денови ја објавивме целосната програма за „Тиквешкиот гроздобер“ за 2022 година. По пауза од две години, сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата. Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење. По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 септември како главна музичка атракција за годинашниот гроздобер. Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па, затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан, а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум – напиша Јанчев на Фејсбук.

Како потсетување, манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ годинава ќе се одржи од 9 до 11 септември во Кавадарци. Овој настан има долгогодишна традиција, а првпат се одржал во 1964 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО