18.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Ѓурѓевиќ: Во Србија климатските промени доаѓаат двојно побрзо од глобалниот просек

НАЈЧИТАНО

Во Србија климатските промени доаѓаат двојно побрзо од глобалниот просек, што ги објаснува последиците кои веќе ги чувствуваме секојдневно, изјави Владимир Ѓурѓевиќ, вонреден професор на Факултетот за физика во Белград.

Ѓурѓевиќ рече дека летото 2012 година било едно од најтешките за граѓаните досега, бидејќи тогаш имало четири интензивни топлотни бранови, а стапката на смртност била зголемена во однос на некои референтни вредности.

Топлотните бранови се крајно негативни настани во однос на јавното здравје, бидејќи е забележано дека има повеќе смртни случаи од вообичаено кај постарите луѓе, луѓето со некои хронични болести“, рече Ѓурѓевиќ во интервјуто објавено од Центарот за истражувачко новинарство. (CINS).

Тој посочи дека ваквите топлотни бранови го нарушуваат хидролошкиот систем и го уништуваат земјоделското производство, како и дека сушите се најпогубни финансиски.

Ѓурѓевиќ истакна дека најголемата суша во Србија се случила во 2012 година, поради што земјоделството претрпело штета од околу две милијарди долари.

Наведе дека тогаш производството на пченка било помало за 50 отсто и дека поради сушата во неа се појавиле алфа отрови.

Во Србија, според Ѓурѓевиќ, секој граѓанин просечно испушта четири тони јаглерод диоксид годишно и произведува најмногу 300 килограми отпад.

Зборувајќи за санкциите против Русија поради нападот врз Украина, тој рече дека изолирањето на земјата од меѓународната заедница значи дека таа нема да биде подготвена да учествува во какви било преговори за климатските промени, што е од клучно значење за имплементација и усвојување на документи како што е Парискиот договор..

Тој рече дека производството на фосилни горива во Русија е значаен дел од бруто домашниот производ (БДП) на земјата и дека „ако изолирате една земја со санкции и не сакате да купите ништо од неа, тие ќе мора да компензираат за таа загуба на страната каде што е најлесна, а најверојатно ќе биде од продажба на фосилни горива“.

Тој истакна дека многу земји не воведоа санкции кон Русија, така што, според него, таа најверојатно ќе се обиде да го зголеми производството на фосилни горива и на тој начин да најде земји кои не вовеле санкции да ги купуваат.

Тој потсети дека 12 часа по почетокот на војната меѓу Русија и Украина, во Америка е започната кампања меѓу компаниите кои се занимаваат со екстракција на фосилни горива, да се намалат прописите за фосилните горива во Америка за да може Америка да и помогне на Европа.

„Единственото добро што може да се случи е Европа брзо да се придвижи кон зелена енергија. – заклучи Ѓурѓевиќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО