20.9 C
Ohrid
Tuesday, May 17, 2022

Ѓоковиќ ја запиша својата 1.000 победа во кариерата

НАЈЧИТАНО

Без загубен сет, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Рим, тоа е вкупно 12 финале за српскиот ас во италијанскиот главен град.

Светскиот рекет број еден вечерва ја потврди подобрата форма во полуфиналната пресметка со 10 светски играч, Норвежанецот Каспер Руд. По еден час и 45 минути, Ѓоковиќ триумфираше со 2:0, по сетови 6:4, 6:3. Ова беше трета средба меѓу Ѓоковиќ и Руд, сите три ги доби српскиот тенисер.

Во борбата за титулата Ноле в недела ќе игра против Гркот Стефанос Циципас, кој претходно денеска беше подобар од Александар Зверев.

 

 

Ѓоковиќ продолжи да испишува нови рекорди во светскиот тенис. Вечерва ја запиша јубилејната 1000 победа во кариерата. Во „клубот 1000“ се наоѓаат уште Џими Конорс кој застана на 1274 победи, Рожер Федерер 1251, Иван Лендл 1068, а Рафаел Надал има 1028 победи.

Од претходно се знае дека Србинот го обезбеди првото место на АТП листата, во понеделник ќе ја започне 370 недела на врвот. Уште осум недели му недостастуваат да го надмине рекордот на легендарната Штефи Граф.

Тој ќе биде на врвот на листата уште најмалку четири недели, до крајот на турнирот на „Ролан Гарос“, каде ќе се обиде да стигне до 21. титула на Грен слем турнирите. Досега има победено девет пати на „Австралија опен“, шест пати на „Вимблдон“, три пати на „УС Опен“ и два пати на „Ролан Гарос“.

Тој е првиот тенисер во опен ерата кој победил на секој Грен слем турнир најмалку двапати, а тој е првиот и единствениот играч кој ги освоил сите девет турнири во серијата АТП Мастерс 1000, единствениот што ги освоил сите 1000 Мастерси најмалку двапати.

Тој освои вкупно 37 турнири во оваа категорија, а рекордот го држи со освоени дури шест во една сезона. Но, и тоа е само дел од импресивната листа на рекорди кои најверојатно ќе бидат надополнети во наредните денови и недели.

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО