2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Ѓоковиќ: Созреав како играч затоа што тој ме турна да одам во добра насока

НАЈЧИТАНО

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, пред да го одбрани трофејот во Париз, зборуваше за своите најголеми ривали во кариерата, Роџер Федерер и Рафаел Надал, пишува Б92. Го прашаа кој од двајцата му е поголем ривал, а за него немаше дилема.

– Секогаш сме се натпреварувале добро. Федерер и Надал отсекогаш биле таму, но за мене Надал е мојот најголем ривал во кариерата. Созреав како играч затоа што тој ме турна да одам во таа насока – изјави Ѓоковиќ.

На прашањето дали размислува за пензионирање како Федерер и Надал, тој беше јасен:

– Не се чувствувам како да сум на крајот од кариерата, годините се обична бројка.

Новак според букмејкерите е фаворит број еден и не бега да биде лидер и на таа листа. Тој доаѓа во Париз во одличен момент на вториот Грен слем на Ролан Гарос сезонава. Најдобриот светски тенисер по триумфот на Мастерсот во Рим и првата титула сезонава влезе во 370-та недела од владеењето на АТП листата и е подготвен да атакува на 21-та титула од турнирот во големата четворка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО