18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Ѓоковиќ, го заврши настапот на турнирот во Мадрид, откако вечерва во полуфиналето загуби од Шпанецот Карлос Алкараз во три сета

НАЈЧИТАНО

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, го заврши настапот на турнирот во Мадрид, откако вечерва во полуфиналето загуби од Шпанецот Карлос Алкараз во три сета (7:6, 5:7 и 6:7).

Тенисерите на теренот минаа 3 часа и 38 минути. За тоа време, 34-годишниот Ѓоковиќ комплетираше осум асови, двапати погреши при сервисот и направи еден брејк. Деветнаесетгодишниот Алкараз четири пати сервираше ас, имаше исто толку двојни сервис грешки и искористи две шанси за брејк.

Вториот финалист ќе биде познат доцна вечер по одигрување н амечот Стефанос Циципас (Грција) – Александар Зверев (Германија).

Наградниот фонд на АТП Мутуа Мадрид опен турнир изнесува 7,75 милиони евра.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО