Ѓоковиќ буквално го избрка неговиот брат Марко Ѓоковиќ од трибините заедно со неговите двајца агенти

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ буквално го избрка неговиот брат Марко Ѓоковиќ од трибините заедно со неговите двајца агенти. Со зборовите „Излегувај!“ на драматичниот меч со Себастијан Корда, Ѓоковиќ го изгуби трпението по првиот сет кој го загуби со 10:8. Марко беше забележан како си оди од трибините, пишува Тенис инфинити.

 

 

Подоцна, кон средината на вториот сет, Марко се врати на трибините. На крајот, после неколку пресврти, Ѓоковиќ победи во мечот, а му се извини на својот брат.

– Мојот брат Марко е тука, не е често со мене на натпревари, ти благодарам и те сакам. Неверојатна недела и ова е одличен подарок за мене и дадов сè за да можам да го подигнам овој пехар. Поддршката што ја чувствував – беше неверојатно. Ретко сум се чувствувал така во кариерата… Се чувствував како да играм по дома и ме натера да се чувствувам фантастично – рече Ѓоковиќ.

Тој особено го пофали својот противник, младиот Себастијан Корда.

– Бевте поблиску до победата, одлучуваа една или две топки, но иднината е пред вас, вие сте извонреден играч – додаде Ѓоковиќ поради фантастичниот сервис на младиот Американец.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ се повреди на мечот против Данило Медведев во саботата, но „стисна заби“ и играше, додека силното сонце во Аделаида му попречи во првиот сет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img