1.4 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Што се менува во телото ако целосно престанете да јадете леб?

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Белиот леб е незаменлива храна на менито на многу луѓе, заситен е, вкусен, но колку е здрав?

Нутриционистите со години дебатираат дали лебот е добра храна за консумирање или треба да го сведеме на минимум. Исто така, тие се обидоа да откријат што ќе се случи со нашето тело ако целосно престанеме да консумираме леб.

Според Women’s Health, има неколку промени кои ќе настанат доколку оваа храна ја исфрлиме од секојдневната исхрана.

Кога ќе ги намалите јаглехидратите, првото нешто што ќе забележите е колку брзо, речиси магично, губите килограми.

Сепак, поентата е дека нема да ги изгубите мастите, туку килограмите предизвикани од насобирањето вода во телото, објаснува диететичарката и тренерка Мари Спано.

Исто така, диететичарот објаснува дека јаглехидратите се извор на енергија, а кога човек наеднаш ќе го намали внесот, а токму тоа се случува кога целосно ќе го исфрлиме лебот од исхраната, може да се појават необични појави, како лош здив, сува уста. замор, слабост, вртоглавица, несоница и гадење. Се разбира, овие појави се само привремени, но има и долгорочни.

Тоа е првенствено за намалување на ризикот од срцеви заболувања, дебелина и дијабетес тип 2, но една студија исто така покажа дека ќе бидете помалку склони кон опасни состојби како што се срцев удар или мозочен удар.

За разлика од другите видови леб, белиот леб не содржи влакна кои ни се потребни за нормално функционирање на цревата, па штом ќе го исклучите од исхраната, за многу кратко време ќе забележите подобрување во варењето и побрз метаболизам.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...

Ковачевски упати честитки за празникот Свети Сава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вечерва имаше обраќање на свечената академија, која се одржа по повод одбележувањето на Св. Сава...

Зборовите на европратеник одекнаа во медиумите

Според сознанијата на Н1, европарламентарците им кажале на своите колеги во српскиот парламент што може да се случи доколку Србија не биде конструктивна во...
spot_img
spot_img
spot_img