5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Што и колку поскапело во 2022 година

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Трошоците на животот во 2022 година во однос на 2021 година забележале пораст од 14,2 отсто, а цените на мало од 12,6 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0,2, а цените на мало се зголемиле за 0,7отсто.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година, беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 20,9 отсто, Транспорт за 19,5 отсто, Ресторани и хотели за 15,5 отсто, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 13,3 отсто, Разновидни стоки и услуги за 8,9 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 8,6 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7,5 отсто, Рекреација и култура за 4,9 отсто, Здравје за 4,0 отсто, Облека и обувки за 1,8 отсто, Комуникации за 0,4 отсто и Образование за 0,3 отсто.

Движењето на индексот на цените на мало во 2022 година, исто така, беше различно кај одделни групи на производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-прехранбени производи за 20.1 отсто, Земјоделски производи за 16,0 отсто, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 14,2 отсто, Пијалаци и Услуги за 8,3 отсто. Индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележа пораст од 18,7 отсто, а индексот на цените на мало забележа пораст од 15,1 отсто.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Како предвоената престолнина на секс туризмот се претвори во дувло полно со насилство и ХИВ!

Убиства, злоупотреби, прогони, окупација, уништување, емиграција… тоа се зборови кои денес автоматски се поврзуваат со Украина. Инвазијата на таа земја донесе со себе страдање...

Почина 26-годишно момче од делчевското село Стамер

Дваесет и шестгодишно момче утринава е пронајдено мртво во када во делчевското село Стамер. Информацијата ја потврдија од СВР Штип, од каде што информираа дека...

По првото полугодие од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство

По првото полугодие од прилепските училишта се испишале околу 130 ученици и со нивните родители заминале во странство, тврди Гоце Бумбароски, одделенски наставник и советник за...
spot_img
spot_img
spot_img