18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Шпанија планира да воведе боледување за жените со болна менструација

НАЈЧИТАНО

Шпанија планира да воведе боледување за жените кои страдаат од силни болки поради менструацијата, објавија локалните медиуми во земјата.

Нацрт-законот вели дека жените би можеле да имаат три дена боледување месечно поради болна менструација, а во некои случаи би можеле да бидат продолжени на пет, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, политичарите предупредуваат дека се уште се работи на предлог-законот кој протече во шпанските медиуми. Доколку законот помине, тој би бил прв од ваков вид во Европа. Само неколку земји во светот имаат таков закон.

Оваа шпанска легислатива е дел од многу поголема реформа на законот за репродуктивно здравје што ќе вклучи промени во врска со абортусот.

Со лекарска препорака ќе биде дозволено тридневно боледување за болни периоди, се вели во нацртот. Потенцијално ќе може да се продолжи на пет поради исклучително силна болка.

Шпанскиот дневен весник „Ел Паис“ пишува дека ова е поширок пристап за третирање на менструацијата како здравствена состојба, што треба да вклучи и укинување на ДДВ за некои хигиенски производи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО