2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Шпанија неделава ќе испрати четири воени авиони „Еурофајтер“ и 130 војници во Бугарија за да бидат на готовс поради тензиите со трупањето на руската војска на украинската граница

НАЈЧИТАНО

Шпанија неделава ќе испрати четири воени авиони „Еурофајтер“ и 130 војници во Бугарија за да бидат на готовс поради тензиите со трупањето на руската војска на украинската граница, соопшти во средата бугарското Министерство за одбрана. Авионите ќе вежбаат заедно со бугарските воздухоплови сѐ до крајот на март, пишува ЈуесЊуз.

 

 

„Мисијата спроведува мерки за обезбедување на безбедноста на НАТО -земјите од источното крило“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Освен Шпанија, се очекува и Холандија да распореди два авиони „Ф-35“ во Бугарија во април и мај за да го надгледуваат небото.

Нашиот источен сосед Бугарија е членка на НАТО од 2004 година. Земјата планира да формира борбена група до 1.000 војници под бугарска команда и во тесна соработка со НАТО, која ќе вклучува и војници од други сојузнички земји.

Во меѓувреме украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба изјави дека иако Украина се надева на дипломатско решение, веќе има основа за воведување санкции кон Москва, поради напнатата состојба.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО