16.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Шолц смета дека треба да се разговара со Путин

НАЈЧИТАНО

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека одржувањето на комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин е од суштинско значење, иако Москва ја продолжува својата војна против соседна Украина.

– Апсолутно е неопходно да се разговара со Путин и јас ќе продолжам да го правам тоа, како и францускиот претседател Емануел Макрон, рече Шолц во интервју за германската новинска агенција ДПА.

Западните лидери продолжуваат да вложуваат дипломатски напори за ставање крај на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.

Шолц се врати од Киев еден ден претходно, каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис.

– Кога разговарам со Путин, ги кажувам, на пример, истите работи што ви ги кажувам вам, рече Шолц.

Тој, исто така, посочи дека е важно да се разбере дека Русија не може да наметнува услови за мир со Украина.

Шолц рече дека ќе му каже на Путин дека не е во право „ако навистина верува дека ќе ограби некоја земја, а потоа да се надева дека времињата ќе се променат и дека сè ќе биде нормално“.

– Морате да ги повлечете своите војници и мора да дојдете до договор со Украина што е прифатлив и коректен за народот на Украина, соопшти Шолц што ќе му каже на Путин.

Германскиот канцелар вели дека е „оптимист“ за договорот на европските земји на следниот самит за на Украина да и се додели кандидатски статус за Европската унија.

– Европа дејствуваше дури по руската агресија врз Украина, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа, па сигурен сум дека ќе најдеме начин да донесеме заедничка одлука, рече тој.

– Мораме да прифатиме дека тоа е едногласно гласање на 27-те земји членки и ќе треба да најдеме заеднички пристап, но јас сум прилично оптимист дека ќе успееме, оцени германскиот канцелар.

Европската комисија денеска препорача земјите-членки да го одобрат кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, а истата перспектива и се нуди на Грузија со дополнителни услови.

Европските лидери ќе се сретнат на 23 и 24 јуни.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО