-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Шешељ и радикалите ќе го поддржат Александар Вучиќ

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседателот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, денеска изјави дека неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на претседателот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите на 3 април, бидејќи тоа е „во интерес на народот, што значи и во интерес на СРС“, јави дописникот на МИА од Белград.

Шешељ во писмена изјава наведе дека СРС главно има свој кандидат на претседателски избори, но дека „националните интереси понекогаш бараат отстапување од воспоставената пракса“.

– Доколку подлегнеме на некои лични интереси, суета или инает, ние всушност само ќе ја загрозиме шансата Александар Вучиќ да победи во првиот круг, што мора да се случи. Сите патриоти мора да разберат дека победата на Вучиќ во првиот изборен круг е од национален интерес – изјави Шешељ.

Според него, „би било погубно за Србија“ доколку во вториот изборен круг се „мобилизираат сите антисрпски кругови“, и за претседател биде избран прозападен кандидат.

– Сѐ што постигна Александар Вучиќ во заштита на националните интереси, што ние постојано го поддржувавме, бидејќи се поклопува со нашата програма, ќе падне во вода. Ние, српските радикали, тоа нема да го дозволиме бидејќи нашата поддршка за кандидатурата на Александар Вучиќ ќе биде клучна за неговата победа во првиот изборен круг – изјави Шешељ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон. Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира...

Спасовски е задоволен од достоинственото чествување на великанот Делчев

Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот...

Граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање...

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со...
spot_img
spot_img
spot_img