23.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Шефот на шведската дипломатија го потпиша барањето за членство на таа земја во НАТО

НАЈЧИТАНО

Шефот на шведската дипломатија Ен Линде го потпиша барањето за членство на нејзината земја во НАТО, јавуваат локалните медиуми.

Линде изјави дека нејзините чувства се одлични и дека Шведска дава се од себе.

Таа додаде дека документот за апликација заедно со барањето од Финска наскоро ќе биде доставен до НАТО.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон вчера по состанокот во парламентот ја објави својата кандидатура за членство.

Со децении, Шведска и Финска заземаа неутрален надворешнополитички став во регионот, но тековната војна меѓу Русија и Украина, која започна на 24 февруари, го промени нивниот пристап, при што и јавноста и повеќето политичари се за влез во НАТО.

Сепак, Шведска и Финска, кои ја изразија својата намера да бараат членство во НАТО, не одговорија позитивно на барањата на Турција, која е членка на Алијансата повеќе од 70 години, за екстрадиција на вкупно 33 терористи.

Претходно, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу изрази резервираност за можното членство на Финска и Шведска во НАТО, велејќи дека скандинавските земји ја поддржуваат терористичката група ПКК.

ПКК е на списокот на терористички организации на ЕУ, но Турција се жали дека многу европски земји го толерираат нивното присуство и им дозволуваат да регрутираат и продаваат наркотици за да ги финансираат нивните напади.

Во повеќе од 35 години од терористичката кампања против Турција, таа терористичка група е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК.

Во понеделник, шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека високите претставници на Шведска и Финска во наредните денови ќе ја посетат Турција со цел во Анкара да одржат официјални разговори за условите за членство во НАТО.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО