14.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Шефот на украинската дипломатија: Киев и Москва на работ на договор за извоз на жито

НАЈЧИТАНО

Украина и Русија се на прагот да постигнат договор за извоз на жито, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во интервју објавено во шпанскиот весник Ел Паис.

„Украина е подготвена да го извезе своето жито. На чекор сме од постигнување договор со Русија. Ние сме во завршна фаза и сега се зависи од Русија. „Ако навистина сакаат, наскоро ќе почнат да извезуваат жито“, рече тој.

Во моментов се водат меѓународни преговори за организирање на извоз на украинско жито преку Црното Море, во кој Анкара има активна улога.

Турските претставници разговараат за создавање на таканаречен коридор за жито со Киев и Москва. Москва претходно нагласи дека Русија не го спречува извозот на украинско жито по морски пат.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе гарантира непречен премин на бродови со украинско жито доколку Киев ги исчисти своите пристаништа од мини.

Во Истанбул денеска ќе се одржи состанок на воените делегации на Русија, Турција, Украина и ОН за извоз на украинско жито по морски пат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО