3.3 C
Ohrid
Saturday, February 4, 2023

Швајцарскиот бизнисмен Хансјоерг Вис разгледува понуда да го купи англискиот фудбалски клуб Челзи од рускиот милијардер Роман Абрамович

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Швајцарскиот бизнисмен Хансјоерг Вис разгледува понуда да го купи англискиот фудбалски клуб Челзи од рускиот милијардер Роман Абрамович.

– Абрамович сега се обидува да ги продаде своите вили во Англија. Исто така, сака брзо да се „ослободи“ од Челзи. Јас, заедно со уште тројца луѓе, во вторникот добив понуда да го купам Челзи од Абрамович – изјави Вис за швајцарскиот весник „Блик“.

Швајцарскиот милијардер наведе дека ќе мора да почека четири до пет денови за да види како ќе се одвиваат работите.

– Абрамович во овој момент бара премногу. Челзи му должи две милијарди фунти, но Челзи ги нема тие пари, така што, тој што ќе го купи Челзи ќе мора да му надомести на Абрамович – посочи Вис.

Тој додаде дека точната продажна цена на Челзи сè уште не е дефинирана.

– Можам да се замислам на чело на Челзи со своите партнери. Меѓутоа, прво морам внимателно да ги проучам општите услови. Тоа што уште сега можам да го кажам е дека сигурно нема да влезам сам во тој проект. Доколку го купам Челзи, тоа ќе биде конзорциум од шест или седум инвеститори, рече Вис.

Актуелниот европски првак Челзи во саботата мина во рацете на локална хуманитарна организација, откако Абрамович се повлече од клубот поради војната во Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА“

На свечена церемнонија денес беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“. – По втор пат за една година под...

Пејачката Бритни Спирс ја обвини актерката Алиса Милано за „злоставување“

Пејачката Бритни Спирс (41) ја обвини актерката Алиса Милано (50) за „злоставување“ откако актерката објавила твит кој ја навредил. Ѕвездата на серијата „Charmed“ изразила загриженост...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...
spot_img
spot_img
spot_img