16.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Шакира го фатила Пике во кревет со 20-годишна хостеса?

НАЈЧИТАНО

По 12 години врска помеѓу пејачката Шакира (45) и фудбалерот Жерар Пике (35), на љубовта ѝ дојде крајот, пренесува „Ел периодико“.

 

Познатиот фудбалер се иселил од семејниот дом и се преселил во својот стан во Барселона, каде што живееше пред да ја запознае колумбиската ѕвезда. Странските медиуми тврдат дека пејачката го фатила фудбалерот во кревет со друга жена.
„Ел периодико“ тврди дека станува збор за 20-годишна русокоса која студира и работи како хостеса во Барселона.
Името на љубовницата сѐ уште не е откриено, но новинарите на „Ел периодико“ тврдат дека знаат сѐ за неа.
 

Да потсетиме, Шакира и 10 години помладиот Пике се запознаа во Мадрид во 2010 година кога таа дојде да го сними спотот за навивачката химна на Светското првенство „Waka Waka“.

 

Пике, инаку фудбалер на Барселона, изведе трикови со топката и успеа да ја импресионира Шакира. Меѓу нив веднаш се појавија симпатии. Според странските медиуми, фудбалерот наводно рекол дека ќе даде сѐ од себе за да го освои Светското првенство само за повторно да ја види во финалето.

 

– Ја запознав на снимањето на песната, а сѐ започна кога повторно се сретнавме во Јужна Африка. Таму беше затоа што пееше на отворањето на првенството. Ѝ испратив порака и ја прашав какво е времето. Тоа беше типично глупаво прашање. Нормалниот одговор би бил предлог да понесам јакна, но таа постојано ме информираше за времето и дојдовме до моментот кога реков дека ќе морам да стигнам до финалето на Светското првенство бидејќи таа пееше на натпреварот. Стигнавме таму и ја освоивме титулата – изјави Пике, кој со Шакира доби два сина, деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО