8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Шакира го отвори срцето по разделбата со Пике

НАЈЧИТАНО

Понекогаш мислам дека сето ова е лош сон од кој ќе се разбудам, рече пејачката Шакира која за магазинот Ел првпат проговори за раскинувањето со нејзиниот долгогодишен партнер, фудбалерот Жерар Пике.

Шакира и Пике на почетокот на летото објавија дека се разделуваат. Пике моментално има нова девојка со која веќе се појавува во јавноста.

– Тешко ми е да зборувам за ова. Понекогаш мислам дека сето ова е лош сон од кој ќе се разбудам. Но, вистина е. Она што исто така е вистина е дека врската со таткото на моите деца, за која мислев дека е нешто толку свето и посебно, се претвори во нешто вулгарно и евтино, поради медиумите. Веројатно ова се најтемните моменти во мојот живот. За жените како мене, кои сонуваат да имаат семејство – да видат како тој сон се распаѓа на парчиња, веројатно е една од најболните работи низ кои може да поминете. Но, мислам дека ние жените сме отпорни. Нам ни е судено да се грижиме за оние кои зависат од нас. Така преживувам, потсетувајќи се дека морам да бидам пример за моите деца. Тоа е мојата најголема сила – рекла Шакира за „Elle“.

Пејачката открила дека сето ова се случувало додека нејзиниот татко бил на интензивна нега и дека и понатаму се обидува да најде баланс помеѓу својата болка и настојувањето да ги заштити децата.

– Нашето разделување не е како обичните разделувања. Не ми е само мене тешко, туку и на моите деца. Тука се папараците кои кампуваат пред мојата куќа 24 часа дневно и не постои место каде што можам да се сокријам од нив, со моите деца. Не можеме да се прошетаме во парк како обично семејство или да отидеме на сладолед, да правиме било што, а да не нè следат. Се обидов да ги заштитам, бидејќи тоа ми е главна мисија во животот. Но потоа во училиште ќе слушнат некои работи од своите другарчиња или ќе наидат на некои непријатности на Интернет и тоа едноставно ги погодува – раскажува Шакира.

Шакира истакнала дека таа и Жерард без оглед на нивниот однос ќе настојуваат да им пружат најдобра иднина на своите синови.

– Можам само да кажам дека сè што имав вложив во оваа врска и во своето семејство. Пред децата да тргнат во училиште, водев номадски живот. Отсекогаш живеев како уметник, патувајќи без престан, заминувајќи на различни делови од светот, на турнеи, настапи, промоции… Но, на крајот на 2014 година знаев дека сето тоа морам да го ставам во втор план и својата кариера да ја ставам во втора брзина. Знаев дека морам да се скрасам, да ги пуштам корењата во Барселона и да бидам тука за Милан и за Жерард, а подоцна и за Саша. Жерард сакаше да игра фудбал и да ги освојува насловните страници, а јас морав да го поддржам. Еден од нас мораше да се жртвува, зарем не? Или тој ќе го раскинеше договорот со Барселона и ќе се преселеше со мене во САД, каде што е и мојата кариера, или тоа би го направила јас. Еден од нас двајца мораше да ја направи таа жртва и тоа бев јас. Мојата кариера ја ставив во втор план, дојдов во Шпанија и го поддржав – рекла Шакира, која напоменала дека тоа била „жртва на љубовта“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО