2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Членот на младинската фудбалска репрезентација на Косово, 17-годишниот Ерион Кајтази, почина за време на фудбалски натпревар

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Членот на младинската фудбалска репрезентација на Косово, 17-годишниот Ерион Кајтази, почина денеска за време на фудбалски натпревар, како последица на срцев удар, јави дописникот на МИА од Приштина.

Трагичниот настан се случи на гостувањето на неговиот матичен клуб Трепча ’89 во Призрен, на натпреварот со домашниот тим А&Н, во рамки на косовската Супрелига – јуниорска категорија.

Веста за смртта на 17-годишниот Кајтази, кого Фудбалската федерација на Косово (ФФК), но и домашните медиуми, го опишуваат како мошне талентиран фудбалер, освен неговиот матичен клуб и ФФК, ја потврдија и извори од болницата во Призрен, каде што тој бил пренесен по колабирањето на теренот и каде што е констатирана неговата смрт.

Во соопштението на ФФК се наведува дека за време на натпреварот А&Н – Трепча’89, Кајтази во еден момент паднал на теренот. Лекарските тимови на двата тима интервенирале за да му пружат прва помош, а потоа со возило на итната помош бил пренесен во болница, каде што е констатирана смрт од срцев удар.

Сочувства до семејството, неговиот клуб и ФФК, освен косовските фудбалски и други спортски клубови, изразија и голем број личности од јавниот живот во Косово.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Спасовски му ветил на бугарскиот колега дека в сабота нема да има инциденти

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев денеска од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков...

Кремљ го демантира Лондон: Џонсон лаже!

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков тврди дека тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин се заканил дека ќе употреби...

Денешното рочиште за Мухамед Зеќири одложено поради здравствената состојба на обвинетитот

Денешното рочиште за Мухамед Зеќири мораше беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот. Зеќири ги известил полицајците од станицата во Карпош кои дошле да...
spot_img
spot_img
spot_img