21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Четири романи во финале за „Роман на годината“

НАЈЧИТАНО

Романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер) влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
На годинашниот конкурс пристигнале 39 романи, а лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“ ќе биде соопштен на 15 март. Него ќе го избере жири-комисијата во состав: Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева – претставник на Фондацијата.

Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО