17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Четири македонски репрезентативци во сениорска конкуренција денеска ќе го започнат својот настап на Европското првенство кое се игра во Шенѓин, Албанија

НАЈЧИТАНО

Четири македонски репрезентативци во сениорска конкуренција денеска ќе го започнат својот настап на Европското првенство кое се игра во Шенѓин, Албанија. Актуелниот државен шампион Берат Јашари, заедно со искусниот Дејан Сипковски, ја предводат четворката во која се наоѓаат и надежните Петар Панов и Александар Ставриќ.

Македонскиот тим за прв пат на едно Европско првенство има четворица играчи, а тоа се должи на поддршката што за овој настан ја даде Агенцијата за млади и спорт.

– Ова е второ официјално учество на македонски играчи на еден ваков настан, при што првиот пат во 2020 година наши претставници беа Данилов и Јанев кај сениорите, а Нешковски во кај младинците. Развојот на снукерот во Македонија се огледува низ повеќе параметри, а меѓу нив секако е нашата бројност на ова натпреварување и претходно реализираните подготовки во специјализираната „Гран Клуб Снукер Арена“. Четирите играчи беа во завршницата на второто коло од државното снукер првенство кое се одржа минатата седмица, поради што верувам дека се во добра форма за настап – изјави Лазар Лазаревски, претседател на Снукер асоцијацијата.

Настанот во Шенѓин започна минатата седмица кога се одржаа првите натпревари во младинска конкуренција, а во нив наш претставник беше Блендијан Ќазими, кој настапи во конкуренција на играчи до 18 години. Неговите шанси за пласман од групна во елиминациска фаза беа повлијаени од две несреќни завршници со фаул во финишот, но сепак успеа да оствари победа против Украинецот Кирил Баидала, правејќи пресврт од 1:2 за победа од 3:2.

Во пресрет на натпреварите од сениорска конкуренција беше одржан и конгресот на Европската снукер федерација ЕБСА, каде што присуствуваше претседателот на македонската асоцијација, Лазар Лазаревски. Меѓу одлуките што се донесени е организацијата на следното поединечно европско првенство да се довери на Малта, додека екипното првенство ќе се игра во Бугарија во 2023 година, заедно со дисциплината „6 црвени“. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО